Би сакале да ве информираме дека Startup Macedonia заедно во соработка со Macedonia 2025 и во пратнерство со ЕIT Digital организира интерактивна работилница на EIT Digital Venture Program во Скопје. Ова е одлична можност сите стартапи и претприемачи кои моментално работаат на развивање на технолошки и иновативни концепти да се информираат за деталите на EIT Digital Venture програмата и да се мотивираат за да аплицираат за меѓународен раст.
Работилницата ќе се одржи на 18-ти февруари, од 17:00 до 19:00 во Europe House Skopje.
EIT Digital Venture Program им помага на претприемачите со технолошки концепти да ги развијта своите идеи, да утврдат MVP и да основаат стартап.
Кој може да аплицира и кој е поттикнат да присуствува?
Стартпи кои имаат солидни value propositions како и постоечки прототип или Proof of Concept (PoC), и се желни да утврдат MVP за време на 6 неделна Пред-акцелераторска програма. Програмата е наменета за стартапи од следниве сектори: Digital Industry, Digital Wellbeing, Digital Cities, Digital Finance or Digital Tech.
Што нуди EIT Digital Venture програмата:
- финансиска помош до € 15,000
- развивање на MVP (Minimum Viable Product)
- основање на технолошкa компанија
- претприемачка помош од меѓународни експерти
- вклучување во Европски врвен иновациски екосистем
Целна група: бизнисмени, студенти, ICT професори и претставници од стартап заедницата.
Учесниците на работилницата ќе можат да слушнат презентации и сведоштва од минатогодишни учесници на програмата. Работилницата е бесплатна. Ве молиме регистрирајте се на office@macedonia2025.com