На Антарктикот измерени 20 степени во февруари

- Advertisement -

На Антарктикот овој месец се измерени рекордни 20,75 степениз Целзиусови, изјавија од Франс Прес.

Бразилскиот научник Карлос Шефер изјави дека никогаш досега не видел толку висока температура на Антарктикот.

- Advertisement -

Тој додаде дека таа температура е измерена на 9 февруари на островот Сејмур и претставува само едно читање и не е дел од долгорочно бележење на податоци.

Не можеме да го користиме овој податок за да ги предвидиме климатските промени во иднина. Тоа е еден податок и е само сигнал дека нешто друго се случува во тој регион” објаснува Шефер.

Два дена пред мерењето, на 7 февруари, недалеку од аргентинската база Еспереанџа беше измерена температура од 18,3 степени, што е топлотен рекорд спред националната метеоролошка служба.

- Advertisement -

Според светската метеоролошка органзацијa, температурите на Антарктикот пораснале за речиси 3 степени Целзиусови последните 50 години и околу 87% од глечерите долж западниот брег се повлекле во тој период.

Сподели!
- Advertisement -