Гледањето низ ѕидови или шпионирањето по дома звучи како извадено од научно-фантастичен филм, меѓутоа благодарение на напредокот на технологијата и тоа стана реалност. Научниците со години се обидуваат да го решат тој проблем, па користеа ласери и други софистицирани решенија. Сега научници од МИТ развија систем наречен CornerCamera, кој со помош на обични камери од паметни телефони може да „види“ што се наоѓа зад ѕидот и тоа така што ќе забележи промени во светло и сенка.
Ваквото репение конечно ќе може да им помогне на пожарникарите да видат дали некаде во зградата која гори има луѓе или за беспилотните автомобили да ги уочат пешаците кои доаѓаат од зад некој агол. Основната идеја е едноставна. Секој предмет рефлектира светлина и со внимателно анализирање на светлината на подот или во близина на некој агол може да се види дали некој иде од другата страна. Тие благи промени се невидливи за човечкото око, меѓутоа научниците успеаја да ги забележат со анализирање на снимки направени со обични камери, но и со камери на iPhone 5S.
Системот тие благи варијации ги спојува во еднодимензионална слика. Меѓутоа, уште не може да работи само со мобилен телефон, туку му треба и посебен софтвер и лаптоп, но научниците велат дека тоа е така затоа што немаат развиено верзија за мобилен телефон. Од МИТ велат дека уште не можат да видат детали од предметите кои се движат, но можат да знаат колку брзо се движат и некои детали за позицијата. За да работи системот сокриениот простор зад аголот треба да биде доволно осветлен.
(24sata)