Над 60% од фирмите немаат доволно стручен кадар!

- Advertisement -

Над 60 проценти од компаниите кои ги има анкетирано Стопанската комора на Македонија се соочуваат со недостиг на работна сила.

Работодавците за недостигот на работен кадар, причините ги посочуваат во заминување на работноспособното население од нашата држава во други земји , преземањето на кадар од една во друга компанија, неактивно работно-способно население како и  несодветното образование на кадарот.

- Advertisement -

Од оние што бараат работа претежно тоа се лица со професии од општествените науки кои не можат да најдат работа на пазарот на труд. Затоа се тежнее кон тоа да се направи нивна преквалификација и доквалификација за да може да се вклучат во работниот процес. Исто така тоа се лица со високообразовни квалификации кои не сакаат да работат со пониско ниво на квалификации, иако платите што се нудат во компаниите се повисоки. Имате компании кои нудат плата до 30 илјади денари, но не можат да најдат кадар бидејќи работниците сметаат дека многу им е подобро да седат дома, отколку да бараат работа“, рече денеска на прес-конференција Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија, одговори на новинарско прашање, Наташа Јанеска од стопанската комора.

Од Комората се задоволни што во Оперативниот план за вработување за 2020 година при креирањето на мерките се земени предвид потребите на компаниите.

- Advertisement -

И годинава ќе продолжат мерките за практиканство,за самовработување, субвенционирање на плати во текот на засновање на работниот однос и на барање на работодовачите ќе продолжат обуките за познато место за потребите на работодавачите, ќе продолжи да функционира и младинскиот додадок за вработени млади лица во производството и земјоделството.

Сподели!
- Advertisement -