Минатата година одлична за најбогатите – се зголеми нивниот број за 10%

- Advertisement -

Колку пари треба да имаш за да те сметаат за богаташ или многу богат човек? Таквата дефиниција, се разбира, не постои, но според некои медиуми и аналитички компании, луѓето кои имаат од 5 до 30 милиони долари можеме да ги наречеме многу богати. Иако 5 милиони долари се многу пари, што би рекле за оние чие богатство се мери во милијарди?

Според таа дефиниција, минатата година била особено успешна за таквите многу богати луѓе. Според CNBC, нивниот број на глобално ниво минатата година се зголемил на 2,67 милиони луѓе, што е раст од околу 10% во однос на 2018 година. Ова е огромен пораст особено ако тој процент го споредиме со претходните години – на пример, порастот од 2017 на 2018 година изнесувал само околу 1%.

- Advertisement -

Најмногу такви нови богаташи лани имало од САД – речиси 1 милион – со пораст од речиси 16%. На второ место е Кина со нешто помалку од 260.000 богаташи кои имаат од 5 до 30 милиони долари вреден имот. На трето место е Јапонија со 186.000. Германија е веднаш зад Јапонија со 130.000 такви богаташи.

Растот на бројот на богаташи, меѓу другото, е поврзан со состојбата на берза. Така, минатата година била добра за берзанските индекси и доста се зголемила вредноста на акциите, а со самото тоа и богатството на луѓето кои инвестирале во акции. Така, вредноста на берзата Nasdaq минатата година пораснала за 35%, што е најдобар резултат во последните шест години, а одлични бројки оствариле и останатите берзи.

Сподели!
- Advertisement -