Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година ќе понуди нов пристап на промовирање, ќе се фокусираме на неколку предизвици за да го зголемиме бројот на слободни патувачи.
На денешната прес конференција директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски го промовираше новиот проект за продукција, дизајн, изработка, печатење и дистрибуција на фото брошура, за кој ќе се одвојат 100.000,00 денари. Истиот е и дел од Годишната програма на АППТ за 2020г.
– Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година ќе понуди нов пристап на промовирање, ќе се фокусираме на неколку предизвици за да го зголемиме бројот на слободни патувачи. Новите форми на промоција значат и привлекување на нови патувачи, односно АППТ ги прати трендовите и на новите генерации им овозможува поинакво запознавање со убавините на нашата земја”- изјави Јаневски.
Ген Z e првата генерација во историјата што не го познава светот без Интернет. Влегуваат во дигиталниот светот од раѓањето, Ген Z ги надминува миленијалс во секојдневните активност на социјалните медиуми со 4 часа поминати на ден. Ген Z во Северна Америка, Латинска Америка и Европска водат во бројот на социјални акаунти, што ги користат активно. Многумина исто така се оддалечуваат од платформите како Фејсбук, во корист на мултимедијални страници, како што се YouTube и Instagram.
Фото Албумот е визуелно патување низ прекрасни фотографии кои ја отсликуваат убавината, културата и историјата на нашата земја. Идејата е фото албумот да биде еден од главните промотивни алатки на Македонија на социјалните медиуми, односно под одреден специфичен и карактеристичен хаштаг кој ќе биде активен на Инстаграм. Тематските фотографии ќе прикажуваат различни перспективи на нашата земја, природни убавини, културни и традиционални настани и манифестации, луѓе, историја се она што и дава оргинален и безвремен карактер на Северна Македонија.
Главниот # (хаштаг) кој ќе биде водечки и препознатлив е #onlyiNMacedonia.
Конкретниот и специфичен хаштаг ќе ни помагне да се зголеми нашето присуство на социјалните медиуми бидејќи тие ја прават нашата содржина видлива од секој што има интерес за нашиот хаштаг. Хаштагот може да ни помогне да изградиме бренд за дестинацијата, во нашиот случај преку Фото Албумот ќе се конектираме со следбениците и ќе ги искористиме нивните фотографии за промоција на Македонија.
Во период од 19.02.2020г хаштазите ќе бидат активни на Инстаграм и останатите социјални медиуми, и секој кој ќе објави фотографија од Северна Македонија, а ќе ги користи горенаведените хаштази до 01.12.2020 ќе има можност најдобрите фотографии да бидат објавени во Фото албумот кој ќе биде изработен од АППТ. Хаштагот пред се има за цел да привлече внимание и да ја промовира нашата земја како туристичка дестинација.