Бислимоски: Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги излегува на слободниот пазар за електрична енергија

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука да спроведе постапка за јавна набавка на електрична енергија со што ја исполнува обврската пропишана согласно Законот за енергетика. Огласот за јавна набавка е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/526ef20c-3b94-461a-8927-f5b9d6ebf005/14) Снабдувачот што ќе понуди најниска цена, ќе му биде понудено да склучи Договор со РКЕ.

„Станува збор за исполнување на обврска согласно Законот за енергетика. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги низ транспарентна постапка ќе одбере снабдувач за електрична енергија за една година, а договорот за јавна набавка ќе го добие оној снабдувач со електрична енергија што ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно ќе биде оценета како прифатлива. Постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција, во која ќе се изврши рангирање на понудувачите според висината на понудените цени. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно методологијата пропишана од министерот за финансии. По потпишувањето на договорот со најповолниот снабдувач,  практично РКЕ ќе излезе на слободниот пазар за електрична енергија.“ истакна Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги им укажува на сите јавни претпријатија во државна сопственост и во сопственост на општините што ги исполнуваат критериумите и се квалификуваат да излезат на слободен пазар дека треба да изберат снабдувач со електрична енергија односно  да спроведат набавка за електрична енергија и да склучат договори најдоцна до 31 март 2020 година.

Регулаторна комисија за енергетика се најде на листата што ја објави Електродистрибуција ДОЕЛ Скопје (https://elektrodistribucija.mk/For-suppliers.aspx) на правни субјекти кои што треба да изберат снабдувач на електрична енергија на отворениот пазар и не влегуваат во дефиницијата на мали потрошувачи. Во оваа последна фаза на потрошувачи кои имаат обврска да излезат на слободниот пазар на електрична енергија опфатени се 2 474 потрошувачи, а РКЕ е со реден број 1 483. Освен Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, на листата се наоѓаат и основни училишта, градинки, јавни здравствени установи, судови, банки и останати потрошувачи што се квалификуваат да излезат на слободниот пазар за електрична енергија.

Сподели!
- Advertisement -