Научници создадоа бионичка медуза која треба да ги мери климатските промени во длабочините на океаните

- Advertisement -

Научници создадоа бионичка медуза која има за цел да мери како се менува климата во најголемите длабочини на океаните. За да ја создадат бионичката медуза тие поставиле повеќе мерни уреди на месечева медуза.

Тие уреди ги стимулираат нејзините мускули да пулсираат почесто и така медузата се движи трипати побрзо. Таа брзина им овозможува да навлезат во длабочини на кои не може да стигнат многу човечки машини.

- Advertisement -

Во наредната фаза научниците ќе ја опремат медузата со сензори кои ја мерат температурата, киселоста и нивото на кислород и ги следат знаците на климатските промени.

Медузите немаат мозок, немаат нервен систем, ниту рецептори за болка. Сепак, истражувачите велат дека работат внимателно за да не ги повредат нежните суштества. Нашето знаење за океаните после длабочина од 20 метри е ограничено, а попрецизните податоци за затоплувањето на океаните ќе бидат клучни во подготвувањето стратегии за борба против климатските промени.

Scientists have built bionic jellyfish to measure climate change in the deep ocean

Even invertebrates can save the planet.📕 Read more: https://bit.ly/37LqI6u

Posted by World Economic Forum on Четврток, 20 февруари 2020
Сподели!
- Advertisement -