Интерактивен пешачки премин за поголема безбедност на пешаците

- Advertisement -

Група архитекти, дизајнери и креативни технолози познати како Umbrellium направија модерна верзија на обичните пешачки премини. Нивните пешачки премини на прво место ги ставаат луѓето. Starling Crossing се пешачки премини кои со помош на ЛЕД светла ги водат пешаците преку патот и ги предупредуваат возачите кога да забават, да застанат или да возат.

Доколку некој пешак застане на патот лентите на Starling Crossing ги предупредуваат возачите. Прототипот Stigmergic Adaptive Responsive Learning Crossing или Starling Crossing привремено беше поставен во јужен Лондон. Целата зона каде што е поставен пешачкиот премин се надгледува со камери, кои сликата ќа испраќаат до една неврална мрежа која ги препознава пешаците, велосипедистите и возилата. Таа ги предвидува локацијата, траекторијата на движење и брзината на секој учесник во сообраќајот и го предвидува нивниот следен потег.

- Advertisement -

Површината на преминот е доволно цврста да ја издржи тежината на возилата и е дизајнирана за пешаците да не се слигаат кога врне дожд или снег. Во пешакиот премин има компјутерски контролирани ЛЕД светла, кои се гледаат од сите агли дење или ноќе. Преминот може да се програмира да се гледа само кога некој ќе се приближи до него или да се прошири доколку улицата треба да ја поминат повеќе луѓе, како, на пример, попладне кога многумина завршуваат со работа.

Кога некој треба да помине преку пешачкиот премин, се појавуваат „стоп“ знаци за возачите да запрат. Потоа се појавува пешачкиот премин и пешаците преминуваат улица. За некој што гледа во телефон, а не пред себе системот активира предупредувачки светла за да го свести. Доколку дете неочекувано истрча на улица, Starling Crossing креира голема зона за да ги предупреди возачите.

- Advertisement -

Starling Crossing со тек на време ги учи сообраќајните шеми и се адаптира на нив. На пример, доколку повеќе луѓе излегуваат од метро и дијагонално се движат кон паркот, пешачкиот премина може да се постави како дијагонала или како трапез за поголема безбедност на пешаците.

Засега нема најава дека ќе почне да се применува, но изгледа како навистина интересен концепт кој би функционирал во согласност со денешните технологии и би го вовел обичниот пешачки премин во 21 век.

- Advertisement -

(New Atlas)

Сподели!
- Advertisement -