Забавувањето на производството во Кина поради појава на новиот корона вирус ја нарушува светската трговија и може да резултира со пад на извозот во износ од 50 милијарди долари, се наведува во проценките објавени од Агенцијата за трговија и економски развој на ОН (УНКТАД).
Кина е централен производствен центар на многу глобални деловни активности, па забавување на кинеското производство влијае на секоја земја во зависност од тоа колку зависат нејзините индустрии од кинеските добавувачи, наведува УНКТАД.
Според проценките на УНКТАД, најранливите сектори вклучуваат прецизни инструменти, машини, автомобилска и комуникациска опрема.
Меѓу најранливите економии, проценува УНКТАД, се Европската унија (15,6 милијарди долари), САД (5,8 милијарди долари), Јапонија (5,2 милијарди долари), Република Кореја (3,8 милијарди долари), Тајван (2,6 милијарди долари) и Виетнам (2,3 милијарди долари).