Швајцарскиот кашкавал „гриер“ прогласен за најдобар во светот

- Advertisement -

Швајцарскиот кашкавал „гриер“ (Gruyere) е прогласен за најдобар во светот на гласање каде што рекорден број учесници од 26 земји гласаа за него на Светскиот натпревар на сирења и кашкавали во американската држава Висконсин.

За производителот на победничкиот кашкавал, Михаел Шпихер од Берн од млекарата Mountain Dairy Fritzenhaus ова е втора победа на светски шампионат затоа што победил и во 2008 година.

- Advertisement -

Второпласираниот кашкавал исто така е од Швајцарија – тврд кашкавал од кравјото млеко Galus Grand CRU кој го произведува Hardegger Kaese AG. Натпреварот кој секоја втора година се одржува во Медисон е најголемиот од тој вид за кашкавали, путери и јогурт во светот, а почна минатата недела со рекордни 3.667 производи кандидирани за награди.

Победничкиот кашкавал го дегустирале 55 судии, кои во текот на натпреварот покрај кашкавалот, оценувале уште 132 категории млечни производи. Судиите биле професионални оценувачи на кашкавал, производители, како и купувачи, професори по технологија за млечни производи и научни истражувачи од 19 земји во светот и од 14 американски сојузни држави. На претходниот натпревар во 2018 година францускиот тврд кашкавал од овчо млеко Esquirrou произведен во Mauleon Fromagerie освои најмногу признанија.

- Advertisement -

Поради неможноста да допатуваат поради корона вирусот, од годинашниот натпревар изостанаа еден судија и 30 луѓе од универзитет во Јапонија.

Сподели!
- Advertisement -