Освен светската економија, од корона вирусот заболе и авиоиндустријата затоа што се очекува дека штетата поради епидемијата ќе достигне и до 113 милијарди долари во делот продажба на авионски билети. За да не ги изгубат слотовите на аеродромите, авиокомпаниите возат празни авиони и трошат огромни суми за гориво и за персоналот. Причината за тоа е што авиокомпаниите мора да држат отворени 80% од доделените слотови или ќе ги изгубат.
Затоа, многу авиокомпании ги одржуваат летовите на дестинации во Европа и надвор без оглед на бројот на патници, поради што акумулираат огромни трошоци. Одделни британски функционери на надлежните тела им предложија привремено да ја суспендираат примената на европските правила за слотовите. Според тој предлог, овие правила нема би се применувале додека трае епидемијата, со што ќе се намалат трошоците за авиокомпаниите.