- Advertisement -
Полицијата во Dубаи објави дека нивните службеници ќе користат нов вид превоз – нешто помеѓу дрон и моторцикл. Моторциклите се развиени во соработка со рускиот производител на дронови Hoversurf, а полицијата ќе ги користи за итни ситуации и кога има метеж.
Моторциклите се напојуваат со батерии, а можат да летаат еден метар над земјата до максимум 25 минути кога батеријата е наполнета, а еден час кога се користи гориво. Според достапните информации, моторциклите ќе се движат со максимална брзина од 70км/час, а ќе можат да носат товар од 300 килограми. Возилата моментално се во фаза на развој.
- Advertisement -
(Al Jazeera)
- Advertisement -