Синоќа пред македонската публика во фоајето во МОБ „Божиновски часовници и накит“ ја претстави колекцијата на брендот Calvin Klein. Во оваа колекција на часовници и накит преовладува минималистичкиот стил на брендот кој веќе ја има изградено препознатливоста во овој правец
На македонскиот пазар овој бренд е присутен подолго време и веќе има изградено силни врски и лојалност од страна на клиентите, најмногу поради идеалната синергија на сензуалноста и природноста кои се неговата главна одлика.
„Очекувам оваа колекција на часовници и накит на Calvin Klein уште посилно да ја зацврсти лојалноста кон брендот на нашиот пазар бидејќи кога се работи за минималистичкиот стил и испишувањето на една најмала линија во однос на дизајнот може да резултира со голема впечатливост. Колекцијата ја задржува својата рафинираност и ненаметливост во континуитет, како бренд постојано следејќи ги моменталните модни трендови“, изјави Игор Божиновски сопственик и генерален менаџер на компанијата „Божиновски часовници и накит“.
Божиновски истакна дека поголеми позитивни промени и вистинско освежување на овој бренд очекува во колекциите од 2018та година, кога во истите директно ќе биде видлив печатот на новиот креативен директор на групацијата Calvin Klein, познатиот дизајнер Рав Симонс, кој најави револуционерни промени во модната групација.
Актуелната колекција на Calvin Klein Watches & Jewelry е украсена со новото лого кое го воведе Раф Симонс во февруари годинава, но најголем дел од колекциите за 2017та година кога тој го превзема кормилото на компанијата веќе беа во финална фаза. На меѓународниот саем за часовници Baselworld 2017 година, за време на претставувањето на рекламната кампања на часовниците и накитот од овој бренд, Раф Симонс изјави дека како компанија не сакаат да ангажираат ѕвезди за рекламите, туку дека тие преку своите реклами ги создаваат ѕвездите.
Креативниот патерн на Раф Симонс, како што тој истакнува, е во користењето на спомените и визиите за иднината и нивното имплементирање во денешницата, создавајќи нераскинлив спој помеѓу емотивното и сензуалното,совршено претопени во минимализмот како главна одлика на брендот.