Првпат по Втората светска војна е откажан тенискиот турнир во Вимблдон, а 134. издание на шампионатот ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули 2021 година, пишува The Guardian. Причична за тоа е загриженоста за здравјето на луѓето поврзано со ширење на пандемијата предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2.
„Мислевме на здравјето и безбедноста на сите што учествуваат на Вимблдон – гледачи, играчи, гости, членови, персонал, волонтери, партнери, работници и локалното население“, порачаа организаторите.
„По темелно и детално разгледување на сите сценарија, веруваме дека на крајот е правилна одлуката да го откажеме годинашното првенство, а наместо тоа да се концентрираме на користење на ресурсите на Вимблдон за да им се помогне на нашите локалните заедници и пошироко“.
Поради пандемијата, професионален тенис нема да се игра никаде барем до 13 јули.