Седум позитивни страни на пандемијата на корона вирусот

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот има многу негативни страни. Илјадници луѓе се разболеа и стотици умираат секојдневно, училиштата беа затворени, здрaвствениот систем е преоптоварен, луѓе остануваат без работа, компании банкротираат, берзите пропаѓаат, државите мора да трошат милијарди на превенција, лекување и медицинска помош.

Сепак, без оглед на овие директни последици на вирусот врз општеството во целина, пандемијата има и некои позитивни страни. Тие позитивни страни не се дополнителната работа за компании како Zoom кои овозможуваат виртуелни состаноци, или Amazon, кој планира да вработи уште 100.000 луѓе. Корона вирусот има уште најамлку седум позитивни страни.

- Advertisement -

1.Во денешни услови времето се смета за нешто најскапоцено што имаме, а корона вирусот покажа и зошто. Работната недела ни е исполнета со работни обврски, излегување во кино, театар, одење на родендени, во теретана итн. Одеднаш кога настапи карантинот сето тоа се откажа и имавме многу слободно време. Тоа ни покажа колку е лесно да се фокусираме само на себеси и на семејството. Затоа е многу битно подобро да го организираме времето и во текот на оваа криза и после неа.

2.Факт е дека корона вирусот го менува нашето секојдневие, но ни дава прилика за се преиспитаме што правиме, како го правиме тоа и зошто. Работите кои ги земаме здраво за готово, како одењето во теретана, одеднаш ни се забранети. Многумина мораа да го сменат начинот на работа и да работат од дома. Тоа значи дека ни се пореметени работните рутини. Затоа ни се отвора прилика за внесување промени. Корона вирусот не принуди да го смениме секојдневниот живот и да размислиме што треба да правиме, а тоа треба да го практикуваме и после смирувањето на ситуацијата.

3. За многу организации и институции ширум светот караткеристични се бавни процедури и процеси, сложена бирократија и строга хиерархија. Корона вирусот многу од нив примора да ги сменат тие крути системи и веднаш да реагираат. Одеднаш почнаа да ги зaбрзуваат процедурите, поавтономно се носат одлуки. Корона вирусот покажа дека штом постои доволно силен стимуланс, работите може да се сменат на подобро. А тоа резултира со извонредни иновации.

- Advertisement -

4. Луѓето во просек поминуваат до 23 часа неделно на состаноци, од кои половина се сметаат за неуспешни и губење време. Корона вирусот не натера за размислиме за тоа како се однесуваме на состаноците. Со оглед ан тоа дека во многу земји уште не е дозволено групирање на луѓе, многу состаноци се откажуваат, а кога се одржуваат, главно се виртуелни и пократки. Тоа е одлична прилика за да се направат системски промени за состаноците да бидат поефикасни, а тоа да се практикува и после кризата.

5. Времињата кои носат предизвици се одлична шанса за зближување со пријателите и семејството и помагање на луѓето. Изолацијата не спречи да ги посетуваме приајтелите и роднините и го зголеми чувството на осаменост, но исто така, чувството дека сите сме заедно во оваа ситуација покрена интересни начини на поврзување. Некои од луѓето во Италија заедно пееја од прозорците на домовите, се создадоа групи на Facebook кои им помагаат на луѓето во карантин итн. Во општествата во кои се промовира индивидуализмот, какви што се повеќето денес, ова создава можност за повторно зближување и создавање поголема социјална кохерентност. И тоа не само во текот на кризата, туку и после неа.

- Advertisement -

6. Корона вирусот ги стопираше или драстично ги намали индустриските активности. Фабриките се затворени или работат далеку под своите капацитети, копнениот сообраќај се намали, а воздушниот целосно е стопиран, додека недостигот од туризам ги испразни улиците во пренаселените градови како Венеција, Амстердам и Њујорк. Иако ова можеби се лоши вести за многумина, тоа е добра вест за нашата планета. Корона вирусот предизвика значителен пад на емисијата на стакленички гасови. Наводно, во Венеција тоа довело до враќање нa рибите во каналите за само неколку недели.

7. Корона вирусот ни дава шанса да создадеме свест за улогата која ја играме на оваа планета и да прифатиме дека работите не можат секогаш да одат како што сакаме ние. Пандемијата е глобален проблем и не засега сите нас. Иако имавме и други пандемии како САРС, нивните ефекти беа значително помали. Корона вирусот ни покажува дека без оглед на тоа колку добро сме испланирале се и без оглед на тоа што живееме во ера кога луѓето имаат битна улога, сепак немаме контрола над се. Ова е одлична прилика да сфатиме дека не можеме да имаме контрола врз секој аспект од нашите животи.

(Bizlife)

(фото: Hippopx)

Сподели!
- Advertisement -