Шест тигри во зоолошката градина во Њујорк позитивни на корона вирусот

- Advertisement -

Тигрицата во њујоршката зоолошка градина која имала суво кашлање е позитивна на корона вирусот, објацвија американските власти вчера. Четиригодишната тригрица Надја е дел од групата лавови и тигри во Бронкс кај кои се развило суво кашлање, објави Друштвото за заштита на диви животни, кое управува со зоолошката градина.

Не е познато како вирусот ги погодува другите животински видови. Кај големите мачки се забележува намалување на апетитот, но се очекува дека сите ќе закрепнат, соопштува друштвото.

- Advertisement -

Тигрицата почнала да покажува симптоми на респираторната болест веројатно откако била изложена на вработен од зоолошката градина, кој немал симптоми на болеста, објави Министерството за земјоделство на САД. Според нив, ова е прв случај да се појави КОВИД 19 кај тигар.

Зоолошката градина е затворена од втората половина на март, а првиот тигар ги развил првите симптоми на болеста на 27 март. Нема докази дека животните можат да ги заразат луѓето со новиот корона вирус, велат од министерството, но истакнуваат дека луѓето кои имаат симптоми на корона вирусот треба да ги ограничат контактите со домашните миленици и другите животни.

- Advertisement -

Главниот ветеринар во зоолошката градина во Бронкс, Пол Каје, на Facebook страницата на зоолошката градина појасни зошто не се загриѓени поради заразените тигри.

„Тестот за КОВИД 19 кој го направивме на нашата малајска тигрица Надја е анализиран во ветеринарната школска лабораторија и не е ист како тој што се користи кај луѓето. Не можете да испратите човечки примероци во ветеринарна лабораторија, ниту животински примероци во човечка лабораторија“ појаснува д-р Каје.

- Advertisement -

Вкупно шест тигри во зоолошката градина се позитивни на КОВИД 19, а ниедно друго животно во градината нема симптоми на таа болест.

Сподели!
- Advertisement -