Тие што работат од дома знаат колку е тешко да останат мотивирани, продуктивни и концентрирани во услови каде што има многу работи кои може да го одвлечат вниманието. Неверојатно е лесно да се префрли концентрацијата на работи кои немаат врсак со работата. Факт е дека не сте опкружени со колеги, кои истовремено е конкуренција и мотивација, па тоа може негативно да влијае на работните навики. Поради тоа постојано мора да барате начини да останете мотивирани.
Еве неколку совети како да го постигнете тоа.
Имајте работна рутина
Подгответе се за работа исто како да одите на работа. Држете се до точно време, а местото на кое работите барем треба да личи на работните услови во канцеларија. Исто така, предупредете ги родителите, сопругот/сопругата или децата дека почнувате со работа за да не ве прекинуваат.
Направете листа со обврски
Направете список со дневните активности кои мора да ги завршите. Тоа ќе ве мотивира да продолжите да работите се додека не ја извршите и последната задача. Списокот исто така ве мотивира, бидејќи како што ќе ги штиклирате завршените задачи ќе ви се зголеми еланот за работа.
Визуелизирајте ги целите
Ако целта ви се сведува на купување куќа, автомобил или некоја повисока работна позиција, најдете фотографија која ги отсликува вашите аспирации и поставете ја во близина на местото каде што работите. Така секогаш ќе ја имате на ум крајната цел.
Правете паузи
Ако чувствувате недостиг на енергија, нема ништо лошо во тоа да направите кратка пауза. Размислете за краткотрајните активности кои влијаат позитивно на вашиот ум и тело. Меѓутоа, поставете граници.
Не го прекинувајте работниот процес
Додека трае работното време немојте да правите нешто што не влегува во дневниот распоред. Тоа е многу битно за одржувањето на работните навики. Работењето од дома значи големо ниво на самоконтрола и дисциплина.
Поставете безбедносно софтверско решение на вашиот компјутер
Секојдневното користење на интернетот, испраќањето имејлови, отворањето безброј веб страници може да ја загрози безбедноста на вашиот уред и на вашите податоци. Многу е битно да поставите безбедносно софтверско решение.