Помош од 1,1 милиони долари од САД за справување со корона кризата во Северна Македонија

- Advertisement -

Владата на Соединетите американски држави (САД) обезбеди 1,1 миллион американски долари за намалување на ширењето на COVID-19 во Северна Македонија. Преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), САД овие средства ги доделува на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за спроведување активности за поддршка на напорите на земјата да се справи со состојбата предизвикана од COVID-19.    УСАИД е во координација со Владата на Северна Македонија, меѓународните хуманитарни партнери и другите заинтересирани страни за да ги идентификува приоритетните области за доделување помош.   “Во ова време на неизвесност и вознемиреност, да работиме заедно е поважно од било кога“, рече амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз. „Убедена сум дека оваа помош ќе даде значителен придонес во борбата против COVID-19 во Северна Македонија.   Преку оваа помош, американската влада ќе поддржи:   

  • Зајакнување на капацитетот на лабараториите за да се подготват за спроведување на систем за тестирање во услови на зголемен број тестирања за COVID-19.
  • Надзор и брза реакција за побрзо откривање на нови случаи и следење на развојот на епидемијата предизвикана од COVID-19. УСАИД исто така помага да се обучат и опремат тимови за брза интервенција за истражување на позитивните случаи и спроведување на анкети за следење на контактите. 
  • Развивање соодветни комуникациски канали за да се помогне во информирањето и образованието на луѓето за чекорите што можат да ги преземат за да се спречи и да се одговори на ширењето на вирусот.
  • Поддршка за управување и зајакнување на клиничката нега со истовремено минимизирање на ризикот од натамошно пренесување на други лица.
  • Превенција на инфекциите и контрола за спречување на ширење на инфекции во здравствените установи.

  Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано скоро 11,5 милиони американски долари само за здравството и повеќе од 738 милиони американски долари во вкупна помош за Северна Македонија, создавајќи значителни позитивни промени за граѓаните во низа области, вклучувајќи ја безбедноста, земјоделството, развој на граѓанското општество, економски развој, создавање работни места, женско претприемништво и подобро образование.     Со децении, САД обезбедуваат најголема билатерална помош во јавното здравство во светот. Од 2009 година, од парите на американските даночни обврзници се одвоени повеќе од 100 милијарди долари здравствена помош и скоро 70 милиони американски долари хуманитарна помош на глобално ниво. Оваа дарежливост е нагласена преку нашиот придонес за неколку клучни мултилатерални партнери, како на пример помошта од САД за СЗО во 2019 година од над 400 милиони американски долари, што е скоро двојно поголема од втората по големина донација од земјите членки. Поддршката на САД од приближно 1,7 милијарди американски долари помош  во 2019 година, за Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР) е неспоредлива бидејќи бегалците се особено ранливи на пандемијата COVID-19. Поддршката на активностите на УНИЦЕФ за спасување е американски приоритет речиси 75 години, а американската помош во 2019 година достигна повеќе од 700 милиони американски долари. Бидејќи заканата од заразни заболувања е закана за сите, САД ги повикуваат другите донатори да придонесат во глобалните напори за борба против COVID-19.

Сподели!
- Advertisement -