Во време кога сите сме затворени дома поради ограничувањата на движењето наметнати од страна на владите со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, тоа значи дека не можеме да ги вршиме сите нормални обврски.
Иако најголем дел од трговците се преселија онлајн и овозможува е-шопинг, сепак, некој мора да ја достави нарачката до нашиот дом. Или да ја подигне пратката до нашите родители кога не можеме да одиме во банка и не смееме да ги посетиме иако можеби живеат само неколку улици подолу од нас.
Со цел да не се загрозува и безбедноста на вработените во компаниите за достава, компанијата Starship Technologies го има совршеното решение. Нивните роботи наликуваат на голема кутија за замрзнување која благодарение на шесте тркала може да се движи по секаков терен.
Минијатурните роботи се опремени со стерео камери и сензори за оддалеченост, па детектираат секакви пречки и можат да проценат растојание до нив и да ги избегнат. Имаат и 3Д радар со помош на кој ја „гледаат“ околината. Поврзани се со апликација која ви кажува точно за колку минути да ги очекувате.