Нуркачите од ,,Амфора” направија документарен филм за Охридската пастрмска, отсега е достапен онлајн

- Advertisement -

Нуркачкиот центар “Амфора” објави документарен филм за Охридската пастрмка, која претставува заштитен знак и синоним за ендемичноста на Охридското езеро, oбјави Радио МОФ.

Во него, се поставува темата за неконтролираниот лов, кој како што велат од “Амфора, ќе доведе до потполно нејзино исчезнување.

- Advertisement -

,,Целта на овој документарен филм е да се запознаеме со вековниот ритуал на Охридската пастрмка, каде се мрести, како се однесува при мрест, кои се реакциите при контакт со нуркач, а со единствена порака за нејзина заштита од изумирање”, велат од нуркачкиот центар.

Документарниот филм е сниман во текот од пет сезони во зима декември, јануари и февруари  во период кога охридската пастрмка доаѓа во плитки води да се мрести.

- Advertisement -

Направени се повеќе од 50 часа снимен материјал и над 300 подводни фотографии.

,,Нуркањата беа изведени во екстремни и ноќни услови, на температура на вода од 6 до 7 целзиусови степени, во присуство на планктон, струења, заматена и разбранета вода.

- Advertisement -

За да се направи добар снимен материјал потребно големо искуство во нуркање, стабилност при снимање, да се познаваат навиките на пастрмката и местата на кои се мрести”, забележуваат од ,,Амфора”.

Најчесто се снимало на длабочина од 2 до 15 метри, но направени се и доста нуркања до 40 метри длабочина.

Сподели!
- Advertisement -