Гојазните мажи се поподложни на корона вирусот

- Advertisement -

Она што почна да се појавува во Кина доби потврда во болниците во Европа и во САД. Повеќе мажи отколку жени имаат сериозни проблеми со корона вирусот и меѓу нив има повеќе гојазни отколку слаби, велат професори од Кралскиот колеџ во Лондон.

Досегашните статистики од британскиот оддел за интензивна нега го потврдуваат тој феномен: 73 пациенти се мажи, а 73,4% од нив имаат прекумерна телесна тежина. Освен тоа, кај гојазните мажи е помала веројатноста за закрепнување ако дојдат во критична состојба. Околу 42,4% од пациентите со индекс на телесна тежина помал од 30 оздравеле и се пуштени на домашно негување со споредба со 56,4% од оние со индекс помал од 25.

- Advertisement -

И на одделите за интензивна нега во француските болници ситуацијата е слична – многу е голем уделот на пациенти со прекумерна телесна теина. На пример, во париската болница Пити Салпетриер три четвртини од заболените се мажи. Слично е и во Њујорк. Се проценува дека 80% од пациентите кои доаѓаат на интензивна нега се мажи.

Зошто машкиот пол е поподложен на корона вирусот? Научниците велат дека е рано да се донесе такв заклучок. Засега тоа е само забелешка и уште немаат објаснување за тоа. Некои експерти мислат дека не е ранливоста на машкиот организам причината за овој феномен туку имунулошката сила на жените. Вродениот имунитет на жените е подобар, особено пред менопаузата, велат научниците.

- Advertisement -

Тоа е едната теза. Другата теза е дека мажите, едноставно, не се грижат толку за својот организам, меѓу нив има повеќе гојазни, консумираат повеќе алкохол и пушат цигари, па одговорот може да биде комбинација од биолошките предиспозиции и однесување.

Тоа предизвикува голема загриженост во Америка, каде што 42% од возрасната популација се гојазни, според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, од каде што предупредуваат дека меѓу луѓето со индекс на телесна маса повисок од 40 има поголема опасност за потежок облик на болеста предизвикана од корона вирусот.

Сподели!
- Advertisement -