Холандски изум ги чисти реките од пластика со помош на меурчиња

- Advertisement -

Овој холандски изум користи меурчиња за да ја фати пластиката. Цевка поставена на дното на реката испушта воздух во водата и така се создаваат меурчиња. Потоа меурчињата формираат еден вид на ѕди во водата, од каде што се одбива пластичниот отпад, излегува на површината и го пренасочува настрана. Таму има мали контејнери кои го заловуваат.

На тестирањата Great Bubble Barrier заловил дури 86% од пластич иот отпад во реката. Ѕидот од меурчиња не го попречува движењето на бродовите и чамците, а исто така не им пречи ни на рибите и другите подводни животни.

- Advertisement -

Меурчињата не само што го сопираат пластичниот отпад, туку и ја оксидираат водата и спречуваар развој на токсични алги. Понатаму, ја апсорбираат бучавата од бродовите и чамците, која им пречи на рибите.

Амстредам веќе го користи овој изум во еден од бројните канали, додека целта на изумителите е да го постават во реките во целиот свет за да го спречат пластичниот отпад да не дојде до океаните.

- Advertisement -

90% од пластичниот отпад во океаните доаѓа од 10 најголеми реки и прави невидена штета на подводниот жив свет.

This Dutch invention uses bubbles to trap plastic trash in rivers

A sprint to save the ocean.https://bit.ly/2YopGfG

Posted by World Economic Forum on Петок, 01 мај 2020
Сподели!
- Advertisement -