Грета Тунберг донираше 100.000 долари на УНИЦЕФ за борбата против коронавирусот

- Advertisement -

Шведската еколошка активистка Грета Тунберг донираше 100.000 долари на УНИЦЕФ за борбата против пандемијата со коронавирусот, како вид поддршка за децата во овие тешки месеци, пренесе Guardian.

Младата активистка ги донираше средствата кои ги освои како награда од данска фондација.

- Advertisement -

„Како и климатската криза, пандемијата со коронавирусот е криза на детските права. Тоа ќе влијае на сите деца, моментално и долгорочно ќе влијае токму на најранливите групи“, пренесе УНИЦЕФ дел од изјавата на Грета.

Таа замоли сите да вложат поголеми напори и да се придружат на УНИЦЕФ во неговата работа на спасување деца, заштита на здравјето и образованието на децата.

Сподели!
- Advertisement -