Македонските текстилци се ориентираа кон шиење на заштитни маски

- Advertisement -

Македонските текстилни компании се ориентираа кон шиење на заштитни маски, а во помали колични скафандери, заштитни мантили и блузи за здравствените работници. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА вели дека речиси сите компании од текстилот се ориентирале кон шиење на заштитни маски, поради големата побарувачка на европскиот и светскиот пазар.

Шиењето на заштитни маски ја ублажи кризата во текстилната индустрија. Дел од летната облека се очекува да остане како залиха, за наредната година. Кон крајот на април требаше да почне шиењето на модните налози за есен/зима, но нашите партнери се претпализиви. Шиењето на облека за есен/зима се очекува да стартува кога ќе почне големата продажба во Германија и останатите земји“, вели Димитров.

- Advertisement -

Тој посочи дека цената на работната рака за шиење маски се движи од 10 до 60 центи, а сосема мал дел од конфекциите шијат скафандери и останата заштитна опрема за здравствени работници.

Сподели!
- Advertisement -