И покрај забраните во Калифорнија, Илон Маск ја отвори фабриката за производство на Tesla автомобилите

- Advertisement -

Илон Маск реши да го рестартира производството на електрични автомобили во главната фабрика на компанијата во Калифорнија и покрај ограничувањата поради пандемијата. Мултимилијардерот е подготвен за тоа да му биде изречена и затворска казна. „Нé радува што се враќаме во работа, откако воведовме мошне детални планови, за да овозможиме безбедно враќање на работните места“, се наведува во е-пораката од управата на концернот од 11-ти мај.

Маск се повикува на одредбата од калифорнискиот гувернер од 7-ми мај, со којашто на производителите им се дозволува да продолжат со работа. Тој најави дека се прекинува принудниот одмор за вработените и им се овозможува продолжување на работата. Според локалните медиуми, паркиралиштето пред фабриката на Tesla било полно уште пред најавата.

- Advertisement -

На својот Твитер профил Маск напиша: „Доколку има приведување, молам да бидам приведен само јас“.

Оваа реакција следи по препирката со локалните власти во Аламеда, кадешто се наоѓа фабриката. Оттаму објаснија дека Tesla не смее да продолжи со работа, затоа што уште се на сила ограничувањата поради корона-вирусот. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, претходно најави дека ќе се дозволи отворање на фабриките во оваа американска сојузна држава. Но, локалните власти во Аламеда сами решија „затворањето“ да продолжи до крајот на мај 2020, со исклучок на неопходната продукција.

- Advertisement -

За да ги смири тензиите меѓу компанијата и локалните функционери, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом најави дека Тесла и другите произведувачи ќе можат повторно да ги отворат фабриките веќе следната недела.

Maск се закани дека компанијата ќе ја пресели во Тексас или Невада, а најави и тужби.

- Advertisement -

Фото – commons.wikimedia.com



Сподели!
- Advertisement -