Македонските студенти задоволни од онлајн наставата, но преферираат класична

- Advertisement -

Најголемиот дел од студентите со „четворка“ ја оцениле онлајн наставата. Скоро две третини од нив сметаат дека класичната настава е поефективна од онлајн наставата, а безмалку 40% од студентите одговориле дека преферираат онлајн настава, oбјави Радио МОФ.

Ова се резултатите на анкетата која ја направија група студенти на ФИНКИ, во која учествувале 170 испитаници од повеќе македонски универзитети. Повеќе од половина од испитаниците одговориле дека се делумно, односно целосно задоволни од онлајн наставата.

- Advertisement -

Во врска со степенот на задоволство на студентите за онлајн наставата, тој беше оценет со оценка 4 и 5 (делумно задоволни и целосно задоволни) со повеќе од 50%, со што можеме да заклучиме дека повеќето студенти се со позитивен став околу онлајн наставата“, вели студентката Андреа Трифунова, една од авторките на истражувањето.

Покрај неа, во групата студенти кои го изработеле истражувањето за степенот на задоволството на студентите од онлајн предавањата се и Михаил БрзановМатеа КантурскаКристијан Николиќ и Ебру Зеќир.

- Advertisement -

„Поради вонредната состојба, онлајн наставата се одржува во сите високо образовни институции, во средните и основните училишта. Со оваа ненадејна промена многумина, вклучувајќи го и нашиот тим се прашуваат какво влијание има ваквиот начин на учење врз студентите и затоа спроведовме анкета помеѓу студентите“, истакнуваат студентите.

Фото – freestockphotos.biz

Сподели!
- Advertisement -