Британскиот бизнисмен Ричард Бренсон планира викендов да го реализира првото полетување на својот нов вселенски систем. Virgin Orbit со седиште во Калифорнија ќе испрати сателит во вселената со помош на ракета која ќе биде лансирана од крилата на џамбо џет.
Cosmic Girl, авиокомпанијата на Бренсон, Virgin Atlantic, ќе ја носи ракетата LauncherOne до висина од 10 км и пота ќе ја пушти слободно да паѓа. Четири секунди подоцна, кога Cosmic Girl нагло ќе сврти десно, LauncherOne ќе ги запали своите мотори и ќе почне да се искачува кон орбитата, а сателитот ќе го испушти после 32 минути летање.
Мисијата која ќе се одвива на Тихиот Океан е планирана за сабота наутро. Ако се помине добро, Virgin Orbit планира многу наскоро да премине на комерцијални летови. Компанијата во својата фабрика во Лонд Бич веќе ја направи ракетата за втората мисија.
Бренсон бизнисот со лансирање сателити отпрвин го планирал како дел од свеленските туристички патувања на компанијата Virgin Galactic, но подоцна одлуќи да ги одвои двата проекти.