Oд утре се укинува полицискиот час, угостителите отвораат, сите се враќаат на работа

- Advertisement -

Од утре нема полициски час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Исполнети се условите за престанување на важењето на повеќе рестриктивни мерки, рече премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција што се одвива во моментов.

„Од утре престанува забраната за движење, а  од четврток почнуваат со работа угостителските објекти со прецизно опреден протокол за работа на отворените делови, а работата во затворените делови ќе се регулира наредниот период“, рече Спасовски.

- Advertisement -

Премиерот соопшти дека денеска Владата донела одлука сите македонски државјани што ќе влегуваат во Македонија, ако имаат негативен тест на коронавирус од последните 72 часа, ќе можат да одат во домашна самоизолација. Сите што се во државен карантин, рече Спасовски, ако на свој трошок направат тест и ако тој е негативен, ќе можат да одат во домашна изолација.

Со оваа одлука се укинува работата од дома, работниот процес со ротации, а ќе може да се патува кон Скопје. Од оваа одлука за враќање на работниот процес во нормала се изземени само хроични болните и родителите кои имаат деца до 10 години за кои ќе се чека одлуката за отворање на градинките. Спасовски информираше дека од денеска се укинува и задолжителниот карантин за оние кои влегуваат во земјава, и се заменува со домашна изолација со приложување на негативен ПСР тест во последните 72 часа.

- Advertisement -

Оние кои веќе се во карантин, околу 400 лица, на свој трошок можат да направат тест и да бидат пуштени во домашна изолација. За отворање пак на границите, Спасовски информираше, дека Комисијата за заразни болести треба да изготви прецизен протокол за влез и излез од земјава, а на Комисијата ќе се чека да подготви протоколи и за работа на хотелите.

Фото – pixnio.com

Сподели!
- Advertisement -