Научници го открија местото со најчист воздух во светот

- Advertisement -

Можеби мислите дека нема поубаво чувство која наутро ќе станете и ќе излезете надвор и ќе го вдишите свежиот воздух. Тоа особено научивме да го цениме во текот на карантинот поради пандемијата на корона вирусот. Тој воздух освежува и ни годи, но според научниците од американскиот Универзитет Колорадо нашиот воздух не е ни нљајмалку чист во споредба со најчистиот воздух во светот.

Тие го открија местото каде што го има најчистиот воздух на светот, но не е во близина на ниедна куќа или каде што живеат луѓе. Истражувањето кое го направија откри дека Јужниот Океан околу Антарктикот е местото каде што треба да бидете ако навистина сакате да вдишите свеж воздух. Благодарение на некои чуда на глобалната клима и временски обрасци, облаците над океанот таму се недопрени.

- Advertisement -

Луѓето влијаат и го пореметуваат речиси секој процес на планетата Земја. Отпадот кој го оставаме зад себе може да се најде дури и во најоддалечените делови од океанот. Нашата пластика стигна и до наоддалечените плажи на кои не одат луѓе, а различни хемикалии во облаците лебдат високо над нашите глави.

Истражувачите кои го пронашле најчистиот воздух над Јужниот Океан откриле дека тамошните облаци не покажуваат траги на човечки допир. Таму нема траги од искористени фосилни горива, ѓубрива или отпад.

Сподели!
- Advertisement -