Додека светот уште се соочува со негативните ефекти на пандемијата на КОВИД-19, можеме да видиме и како многу компании се мотивирани да создаваат креативни и уникатни проекти со цел да ни помогнат да се адаптираме на новата нормала.
Еден од таквите производи е Soffio, заштитна маска на надувување која ја направија заеднички студијата за дизајн MARGstudio, Аlessio Casciano Design и Аngeletti Рuzza Дesign, кои овозможуваат да поминуваме квалитетно време со пријателите по ресторани и пабови. Маската Soffio е еден од иновативните производи кои на луѓето им овозоможуват слободно да седат еден до друг и да разговараат.
Името Soffio значи дува или надувува на италијански. Маската на надувување e направена од заштитен пластичен визiр и рамка во боја кои лесно се склопуваат. „Идејата ја добив откако многу нашите клиенти бараат безбедни, практични и привлечни решенија кои ќе им овозможат да продолжат да работат, но истовремено да се безбедни“ велат дизајнeрите.
Ѕoffio создава заштитина бариера од 180 степени, која на тој што ја носи му овозможува да одат на вечера или да одржуваат визуелен и физички контакт и со други предмети. Структуратата на надувување овозоможува визуелен и физички контакт со луѓето во близина . Освен тоа, Soffio е направена од PVC со електронски техники на ткаење.
За да ја користите Soffio треба само да ја надувате и да ја ставите еластичната алка на вратот.
(Startup Selfie)