За 2019 година се очекува дека просечното траење на работниот век на популацијата на Европската унија постара од 15 години бил 39,5 години, односно 0,2 години повеќе од просекот за 2018 година, а 3,6 години подолго отколку во 2000 година. Мажите минатата година работеле подолго од жените. Тие во просек работеле 38,3 години, а жените работеле 33,4 години во просек. Иако е очекувано мажите да работат повеќе години од жените, како што е и случај со најголем дел од земјите во светот, сепак се забележува намалуват на јазот меѓу половите.
На пример, во 2000 година мажите работеле 7,1 година подолго од жените, но до 2019 година таа родова разлика се намалила на 4,9 години, покажуваат податоците од Евростат.
Очекуваното траење на работниот век е најдолго во Шведска, а најкратко е во Италија. Меѓу државите-членки на ЕУ, Шведска и Холандија минатата година имале најдолго траење на работниот век (42 и 41 година). Веднаш после нив се Данска (40), Германија (39,1) и Естонија (39 години).
Од друга страна, најкратко работеле Италијанците (32 години), Хрватите (32,5), Грците (33,2), Белгијците и Полјаците (33,6 години). Најголем пораст на траењето на работниот век е забележано на Малта, а најмал пораст е забележан во Данска. Намалување на работниот век е забележано само во Романија.
Во споредба со 2000 година, очекуваното просечно траење на работниот век во 2019 година било поголемо за сите држави-членки на ЕУ, со исклучок на Романија, каде што е забележан пад од 2,2 години.
Најголемо покачување во периодот 2000 до 2019 година на траењето на работниот век има на Малта (7,6 години), Унгарија (6,9 години) и во Естонија (5,6 години), а најмалко во Данска (1,7 години) и во Грција (1,8 години).
(Eurostat, Bizlife)
(фото: Pexels)