Ако некој град е голем не значи дека е небезбеден. Всушност, некои од најбезбедните градови во светот се урбани центри кои имаат ниски стапки на криминал и високи нивоа на безбедност. Индексот на безбедност на Economist за 2017 година, спонзориран од NEC, рангира 60 граодив врз основа на фактори како лична безбеднсот, дигитална безбедност, безбедност на здравјето и безбедбност на инфраструктурата.
Во личната безбедност се земаат предвид урбаниот криминал, тероризмот и другите видови насилство. Во дигиталната безбедност спаѓаат заканите од типот на сајбер напади. Безбедноста на здравјето опаќа пристап до здравствено осигурување, болници и итни служби. Безбедноста на инфраструктурата ја анализира безбдноста на зградите, на патиштата и на мостовите. Еconomist анализираше 49 индикатори за секој апскет на безбедноста со цел да се добие максимална оценка 100 – побезбедните градови имаат повисока оценка. Врз основа на резултатите, од Economist заклучија дека човечките закани како сајбер нападите, тероризмот и насилството предизвикано од нееднаквост се во пораст во урбаните средини.
Еве кои се најбезбедните градови во светот.
10. Цирих, Швајцарија
Вкупна оценка: 85,2
9. Хонгконг
Вкупна оценка: 86,22
8. Стокхолм, Шведска
Вкупна оценка: 86,72
7. Сиднеј, Австралија
Вкупна оценка: 86,74
6. Амстердам, Холандија
Вкупна оценка: 87,26
5. Мелбурн, Австралија
Вкупна оценка: 87,3
4. Торонто, Канада
Вкупна оценка: 87,36
3. Осака, Јапонија
Вкупна оценка: 88,87
2. Сингапур
Вкупна оценка: 89,64
1. Токио, Јапонија
Вкупна оценка: 89,8
(World Economic Forum)