AImotive, стартап компанија од Унгарија која развива технологија базирана на вештачка интелигенција, со проектот “vision-firs“ привлече инвестиција од 20 милиони долари со што стана најдобро финансиран стартап во сегментот на автономни возила во Европа. Вклучувајќи ги претходните инвестиции, капитализацијата на AImotive се зголеми на над 75 милиони долари. Водечки инвеститор во оваа рунда е Lead Ventures, специјализиран за финансирање на технолошки стартапи, по што следуваат Széchenyi Venture Capital Fund Management и меѓународни инвеститори од претходните инвестициски кругови.
AImotive е компанија формирана во 2005 година во Унгарија од Ласло Кишонти, која се фокусира на напредните аспекти на автономната технологија и од основањето досега развива системи кои би биле достапни на поширока популација. Најголем дел од истражувањата се одвиваат во седиштето во Унгарија, а имаат канцеларии на три континенти. Вработува над 200 врвни стручњаци, вклучувајќи ги и некои од најнапредните истражувачки тимови за вештачка интелигенција. Освен во Будимпешта, стартапот тестира автомобили опремени со посебни сензори во Калифорнија и Детроит, а соработува и со најголемите компании од авто-индустријата.
Инвестицијата во оваа иновативна компанија се случува во момент на очекувани негативни економски последици предизвикани од корона вирусот, а инвеститорите и пазарните субјекти го охрабруваат проектираниот раст на пазарот на софтвери за автономно возење на износ од 50 милијарди долари до 2050 година.
“Унгарија игра се поважна улога во развој на електрични и автомомни возила што ја поддржува конкурентноста на унгарската економија како и неговото економско заздравување“, изјави унгарскиот министер за финансии МИхаил Варга. “Истражувањето и развојор во овој сектор се на светско ниво и затоа владата им помага на претприемачите да работат со сите расположиви средства“, нагласува тој.
“Со оглед на тоа дека AImotive успеа успешно да го зголеми капиталот дури и во сегашната ситуација, тоа е професионално признание за нашиот развој. Ние нудиме достапни производни решенија за вистинските проблеми, а не само ветување за иден успех. Тоа го препознаа и нашите инвеститори и затоа ни ја додоа својата доверба“, изјави Ласло Кишонти, основач и и звршен директор на AImotive . Абел Галац, претседател на управата на Lead Venturesa фондот вели дека успехот на овој стартап се должи на неговата деловна филизофија. Тоа е: пристап кон еден сложен проблем на сеопфатен и модуларен начин кој е независен од платформата, а решава неколку аспекти на автомомното возење, од симулација до развој на чипови.
Спектакуларни резултати во пракса
Кон крајот на минатата година, благодарение на значајните финансиски средства кои тогаш достигнаа 48 милиони долари, Almotive постигна спектакуларни резултати во неколку подрачја. Решението за автоматизирано паркирање воведено минатата есен на уникатен начин го носи автономното возило во гаража, без инфраструктурни инвестиции. Софтверот за автоматизација на возењето во основа овозможува самостојно возење по целата рута на кој било автопат. Пример, целата релација Будимпешта-Виена без човекова интервенција.
Најновата инвестиција од 20 милиони долари Almotive ќе ја искористи за натамошен развој на производите, јакнење на меѓународното присуство, отворање нови канцеларии и јанзење на локалната поддршка на партнерите од автоиндустријата се со цел да се доближи до клучната цел: автономните системи за возење да станат достапни до поширока популација, а не само технологија во луксузни автомобили.
(Извор – Пословни дневник)
Фото – Пословни дневник, Facebook)