Корејски научници направија робот кој врши тестирање за корона вирус

- Advertisement -

Корејски научници создадоа робот кој би требало да го намали ризикот за зараза на медицинските работници од корона вирус при земање брисеви и тестирање, а истовремено да се осигура дека пациентите безбедно ќе се тестираат за присуство на корона вирус.

Институтот за машинерија и материјали во рамките на Министерството за наука и ИКТ изјави дека истражувачкиот тим развил роботска технологија за земање примероци за дијагностичко тестирање без контакт меѓу докторот и пациентот. Истражувачкиот тим предводен од д-р Сео Јоон-хо од Лабораторијата за медицински уреди при Истражувачкиот технолошки центар Даегу во рамките на Институтот ја создаде технологијата заедно со тимот на професорот Ким Нан-хее од Медицинскиот универзитетски колеџ Донггук.

- Advertisement -

Роботската рака го врши тестирањето со стапче за земање брис од нос, а целата ситуација ја контролира медицински персонал кој со роботот управува со помош на контролер. На тој начин медицинскиот персонал може да биде и во друга соба, а целиот процес да го гледа на екран.

За да не дојде до повреди, затоа што стапчето за земање брис може да се турне прилично длабоко во носот, поставен е стабилизатор за глава на кој пациентот ја потпира главата во текот на целата постапка.

- Advertisement -

Корејскиот доктор д-р Сео Јоон-хо се надева дека овој робот во иднина би можел да стане стандарден дел од опремата во болниците за да се сведе на минимум ризикот по здравјето на медицинските работници не само од корона вирусот, туку и од други заразни болести.

(Dnevnik.hr, Koirea Biometrical Review)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -