Лекот на американската Innovation Pharmaceuticals покажа 97% ефикасност во лекувањето на корона вирусот

- Advertisement -


Американската биофармацевтска компанија Innovation Pharmaceuticals извести за најновиот напредок во истражувањето на лекот „брилацидин“ како потенцијална терапија за болеста КОВИД-19. Најновите резултати се навистина охрабрувачки. Според најновите податоци, „брилацидин“ статистички има многу битен и моќен инхибиторски ефект на САРС-КоВ-2 вирусот во човечките белодробни клетки и го намалува оптеретувањето во нив до 97%.

Тој лек се наоѓа на тестирање во американската Регионална лабораторија за биоконтрола и таму постојано покажувал исклучително битни антивирусни ефекти кај ин-витро тестирањата против новиот корона вирус. Главниот истражувач на лабораторијата вели дека тестовите направени на човечки бели дробови даваат слични и еднакво добри резултати како и тестирањата на лекот ин-веро, односно во животни.

- Advertisement -

Исто така, „брилацидин“ се покажа како најефикасен лек во текот на тестирањата и пред терапијата, односно пред самата инфекција. Но, се покажал и исклучително ефикасен и во текот на инфекцијата и после инфекцијата. Идниот план на научниците е да го утврдат индексот на селективност на „брилацидин“ од податоците добиени од ин витро тестирањата, кои ја споредуваат цититоксичноста на лекот наспрема неговите антивирусни активности. Колку што е поголем тој размер, тоа значи дека лекот би бил побезбеден за клинички тестирања.

Истите податоци ќе помогнат во откривањето на инхибиторските ефекти на тој лек против корона вирусот и ќе овозможат да се спореди со останатите потенцијални лекови. Сето тоа ќе биде објавено во научна студија.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, GlobeNewswire)

(фото: Innovation Pharmaceuticals)

Сподели!
- Advertisement -