Со затоплувањето на океаните и реките, зголемувањето на температурата на водата до крајот на векот би можело да претставува голема закана по многу видови риби од коишто зависи опстанокот на човештвото. Како што пишува CNN, oвоj заклучок е објавен во списанието Science.
Меѓу загрозените видови риби се некои од најкомерцијалните како атлантскиот бакалар, лососот, како и рибите кои се фаворити кај спортските риболовци како што се сабјарката, баракудата и поточната пастрмка.
„Ако климатската криза продолжи со ова темпо 60% од рибите опфатени со истражувањето до 2100 година ќе имаат проблеми со размножувањето“, велат научниците. Тие утврдиле дека ако владите во светот се обврзат да го одржат глобалното затоплување до 1,5 степени Целзиусови, бројот на загрозените риби би бил многу помал – околу 10%.
„Повеќе од половина од видовите кои се потенцијално загрозени е навистина голема бројка, па затоа потенцираме дека е многу битно да се исполнат политичките обврски за улажување на климатските промени и заштита на морскиот свет“ вели д-р Флеминг Дахике, морски биолог од германскиот институт Афлред Венегер и еден од авторите на студијата.
Студијата била спроведена од страна на тим научници во Германија кои ја анализирале температурната толеранција за речиси 700 видови риби кои живеат во морињата и реките во климатски зони ширум светот. Претходните студии на осетливоста на рибите на температурните промени се фокусирале само на возрасните риби, а сега научниците проучувале како влијае растот на температурата врз рибите кои се во најчувствителниот период од животот, тие што се пресудни за размножување и опстанок на видовите.
Во речиси сите случаи рибите ембриони и рибите кои се подготвуваат за произведуваат јајаца и сперма се поосетливи на температурните промени од возрасните риби.
„Постои разлика во толеранцијата на температурните промени од речиси 20 степени Целзиусови меѓу ембрионите и возрасните риби“ вели Дахике.
Научниците предупредуваат дека многу риби нема да можат да се прилагодат на температурните промени со оглед на брзината со која се загрева планетата. Денес околу 3 милијарди луѓе во светот зависат од рибите како извор на храна.
(CNN, Klix.ba)
(фото: Wikimedia)