Руска компанија доби дозвола за лекување на корона вирусот со нивниот лек „коронавир“

- Advertisement -

Русија го одобри новиот антивирусен лек „коронавир“ за лекување на КОВИД-19. Како што велат од компанијата, клиничките тестирања вклучувале случаи со благи и средни симптоми на вирусот и покажале дека лекот е многу ефективен во спречување на размножувањето на корона вирусот.

„‚Коронавир’ е еден од првите лекови во Русија и во светот кои не ги лекуваат компликациите кои ги предизвикува САРС-КоВ-2, туку се бори со самиот вирус“ велат од компанијата R-Pharm.

- Advertisement -

Додаваат дека клиничките тестирања покажале подобрување на 55% од случаите после седум дена третирање со „коронавир“, наспрема 20% подобрување кај пациентите кои биле третирани со стандардна етиотропска терапија. После 14 дена третирање забележале значително подобрување, велат од R-Pharm.

После пет дена третирање со новиот лек корона вирусот бил елеиминиран кај 77,5% од пациентите кои го примале лекот.

- Advertisement -

„Глобалната клиничка пракса и клиничките истражувања кои ги направивме потврдија дека ‚коронавир’ многу побрзо го стопира ширењето на инфекцијата во телото и го спречува размножувањето“ вели Микаил Самсонов, медицински директор на R-Pharm.

Тестирањето го започнале на крајот на мај годинава и повеќе од 110 пациенти досега го добиле лекот. „Коронавир“ е третиот регистриран лек во Русија за третирање на корона вирусот. Првиот, „авифавир“, се дава на пациенти од 11 јуни наваму.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -