Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,53 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 06.07.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  се зголемуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,00 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 ден/кг.

- Advertisement -

Од 14.07.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            61,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             63,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       53,50 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               53,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      26,585 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар бележат зголемување: кај бензинот 3,81%, кај дизелот 3,84%, кај екстра лесното масло 3,33%  и кај мазутот 4,37% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,507%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.07.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 06.07.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,869 0,998
Австрија 1,017 1,046
Бугарија 0,903 0,887
Хрватска 1,150 1,207
Германија 1,093 1,289
Грција 1,150 1,425
Италија 1,288 1,400
Унгарија 1,078 1,042
Словенија 1,003 1,004
Сподели!
- Advertisement -