Во однос на регионот, Македонија бележи многу добри резултати кога станува збор за бесконтактни трансакции. Вкупната употреба на овој начин на плаќање со Visa картички порасна за околу 113 проценти во однос на март минатата година. За овие промени допринесе и кризата предизвикана од Covid-19, која не се намалува и ги насочува луѓето поради грижата за здравјето, од корен да ги променат своите навики. Потрошувачите, без разлика на тоа што купуваат, се префрлуваат на трговија, која е првенствено од дигитална природа.
Околу 86 проценти од граѓаните се подготвени плаќањата да ги извршуваат на овој начин, бидејќи истото им носи бројни погодности, покажуваат резултатите од регионалното истражување на компанијата Visa во рамките на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“. Повеќето, како главни предности при употребата на бесконтакните картички, ги истакнуваат – брзината, едноставноста при ракување и практичноста.
До поголеми промени во однесувањето на потрошувачите дојде и секаде во светот, со фокус на е-трговијата и сеопфатната потреба за искуство без контакт на продажното место. На пример, 13 милиони луѓе во Јужна Америка и на Карибите го направија своето прво купување на мрежата во првиот квартал од 2020. година, а 31 милион Американци во март 2020. ја имаат употребено својата Visa бесконтактна картичка или дигитален новчаник со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), во споредба со 25 милиони во ноември.
Visa соработува со партнери од индустријата за платежни услуги за подигнување на лимитот за бесконтактно плаќање. По зголемувањето на бесконтактните ограничувања, во Европа согледуваме дополнителни 29 милиони преноси на неделно ниво кои веќе не бараат PIN. Во Македонија ограничувањето е зголемено на максимални 2.500 денари, со кое на потрошувачите им е овозможено едноставно да ја наслонат својата Visa картичка и да платат без внес на PIN. Зголемениот лимит без внес на PIN претставува пораст од 25 проценти во однос на претходниот износ од 2.000 денари, со кое на потрошувачите дополнително им се олеснуваат секојдневните трансакции.
Дури 68 проценти од потрошувачите во Македонија редовно користат бесконтактни картички, додека во Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора секој четврти. Албанија, од друга страна, бележи најниска употреба – дури еден од 10 потрошувачи плаќа на овој начин, но истите се мотивирани да се запознаат подобро со оваа технологија и да ги користат нејзините придобивки.
Според зборовите на Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа, пандемијата предизвикана од COVID-19 ги промени потрошувачките навики на граѓаните и влијаеше на прифаќањето на новите технологии при плаќање.
„Истражувањето кое го направивме во регионот пред повеќе од месец дена, ни потврди дека потрошувачите во Македонија ги усвојуваат методите за плаќање и дека бесконтактното станува новиот стандард. Времето е драгоцено за сите, навиките моравме да ги промениме поради присуството на вирусот, а трговците континуирано бараат начини да го унапредат искуството при плаќање“, истакнува Ѓорѓевиќ и напоменува дека вакви истражувања, за навиките на потрошувачите, за компанија како што е Visa, се драгоцени, како и дека продолжува работата за забрзување на прифаќањето на бесконтактното плаќање.
Согласно истражувањето, секој петти потрошувач во Македонија користи мобилен телефон за бесконтактно плаќање, додека 77 проценти се запознаени со опцијата мобилен новчаник. Околу 68 проценти од корисниците изразиле желба да плаќаат во иднина со помош на апликациите на мобилниот телефон.
Visa неодамна ја претстави Apple Pay услугата во Србија, благодарение на која корисниците на Visa картичката од Raiffeisen банка можат да уживаат во дополнителни погодности и плаќање на производи и услуги со едноставно наслонување на својот мобилен телефон. Од друга страна овој вид на плаќање им помаѓа на малите и средни претпријатија да зголемуваат, продаваат и да го подобрат паричниот ток и да ја развиваат својата работа без потреба на дополнителен хардвер.
На почетокот на годината оваа услуга пристигна и во Црна Гора, а во план е дигиталниот новчаник да се претстави и во другите земји од регионот, со цел поврзување преку иновативна, сигурна и безбедна платежна мрежа.