Само 4% од вработените во светот сакаат да се вратат на работа во канцеларија

- Advertisement -

Во целиот свет луѓето одлучуваат дали ќе се вратат назад на работа во канцеларија. Нови резултати од истражување на вработените на аналитичкиата страница Perceptyx покажа дека само 4% од над 750.000 вработени, колку што биле вклучени во истражувањето, од над 100 глобални компании од различни индустрии сакаат да се вратат на полно работно време во канцеларија после пандемијата.

Овој број значително опаѓа после првичните резултати на истражувањето во април годинава. На почетокот на април бројката била 33%, што значи една третина од вработените биле спремни да се вратат нормално на работа.

- Advertisement -

Истражувањето открило дека како што се намалува волјата за враќање во канцеларија, има зголемување на чувството на продуктивност кај вработените. На крајот на јуни околу 100% од учесниците во истражувањето изјавиле дека работата од дома има ја зголемува продуктивноста.

Се повеќе глобални компании потврдуваат дека вработените можат трајно да работат од дома ако така сакаат, а едни од нив се и Twitter и Square.

- Advertisement -

(Business Insider)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -