Јапонското Министерство за здравство го одобри „дексамтеазон“, евтиниот и релативно широко употребуван стероид, како втор лек за лекување на болеста КОВИД-19д откако едно испитување во Велика Британија покажа дека тој лек ја намалил стапката на смртност на хоспитализираните пациенти.
Министерството го вклучи „дексаметазон“ како дополнителна опција за лекување заедно со антивирусниот лек „ремдесивир“ во најновата ревизија на својот прирачник за лекување од заразата на корона вирусот. За таа ревизија вчера наголемо пишуваа јапонските медиуми.
Во резултатите на испитувањето, објавено во јуни, истражувачите во Велика Британија утврдиле дека „дексаметазон“ е првиот лек кој ги спасува животите на пациентите заболени од болеста КОВИД-19 во повторното силно избивање на пандемијата. Меѓу оние кои го произведуваат тој лек е и јапонската компанија Nichi-Iko Pharmaceutical Co.
(Dnevnik.hr, Reuters)
(фото: Wikimedia)