Вештачка интелигенција ќе ви каже дали имате корона вирус според начинот како си го изговарате името

- Advertisement -

Сите знаеме дека некој што е настинат звучи поинаку, но би препознале ли како звучи некој што е болен од рак или Паркинсонова болест? Веројатно не, но научниците веруваат дека алгоритми и вештачка интелигенција наскоро ќе можат да детектираат знаци на болест преку нечиј глас. Техниката би можела да биде корисна дури и во случај на корона вирусот.

Секој наш внатрешен орган е еден вид на резонатор, па ако имаме проблеми со блеите дробови или срцето, тоа се одразува на нашиот глас, вели Џовани Саџио, професор по електронски инженеринг на римскиот Универзитет Тор Вергата.

- Advertisement -

„Како ни звучи гласот зависи од главниот диригент – мозокот. Па, ако имате церебрален проблем како Алцхајмер или Паркинсонова болест вашиот глас ќе се смени и тоа ќе можеме да го откриеме“ вели Саџио.

Бидејќи новиот корона вирус ги компромитира белите дробови и дишните патишта, сигурно влијае и на гласот, што значи дека и КОВИД-19 би можел да се детектира со истата метода, објаснува Саџио.

- Advertisement -

Тој е еден од неколкуте истражувачи во светот кои се занимаваат со таа тема. На германскиот Универзитет Хумболт велат дека можат да направат алгоритми кои откриваат емоционална и физичка состојба исклучиво на база на податоци, особено од човечкиот глас. Научници од Универзитетот Вашингтон, пак, објавија судија во списанието Nature за тоа како уредите како виртуелниот асистент Alexа можат успешно да препознаат задишан глас што му претходи на срцев удар.

Саџио додава дека во светот се објавени повеќе од 150 научни трудови за врската меѓу промената на гласот и разни патологии. Користејќи ја технологијата која сам ја осмислил и патентирал тој во Мумбаи испитувал 284 луѓе со Паркинсонова болест и уште 28 од контролна група. Секој од нив изговарал иста реченица, а Саџио успеал да ја дијагностицира болеста со точност од 95%.

- Advertisement -

Секој човечки глас има 6.300 параметри, а човечкото уво, со исклучок на настинката, не може да ги разликува. Но, вештачката интелигенција може, тврди Саџио.

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -