Гигантот за фотоапарати Kodak ќе произведува лекови за корона вирусот

- Advertisement -

Компанијата позната по производството на фотоапрати Kodak влезе во бизнисот со лекови и само што доби заем од 765 милиони долари од американската влада. Пропаднатиот гигант од индустријата за фотографирање ќе произведува состојки кои се користат во генеричките лекови за борба против корона вирусот.

Од американската влада објавија дека целта на потегот е да се намали зависноста на САД од странски земји за медицински набавки. После најавата на оваа промена акциите на Kodak скокнаа за повеќе од 60%. Фармацевтските компании се во трка за пронаоѓање вакцина за корона вирусот.

- Advertisement -

На лансирањето на Kodak Pharmaceuticals беше истакнато дека ќе бидат потребни 3-4 години додека се достигне масовно производство. Американскиот претседател се осврна на овој потег на Kodak како една од најбитните зделки во историјата на американската фармацевтска индустрија.

Kodak не е единствената компанија за фотоапарати која се префрла во фармацевтската индустрија. Јапонски Fujifilm работи и на потенцијална вакцина за КОВИД-19 и се надеваат наскоро да почнат со тестирање на луѓе.

- Advertisement -

Kodak Company е основана од Џорџ Истман во 1888 година. Brownie box е еден од најпопуларните фотоапарати на компанијата и благодарение на тој модел Kodak е доминантен играч во индустријата за фотоапарати. Кога беше на врвот во Kodak работеа повеќе од 145.000 луѓе, а сега има околу 5.000 вработени.

(BBC)

Сподели!
- Advertisement -