Неколку едноставни и корисни работи можат да го направат долгото возење кога одите на годишен одмор во поудобно, побезбедно и без стрес. Goodyear состави список со десет работи кои е пожелно да ги имате во автомобил кога одите на долг пат за возењето да ви биде попријатно.
- Очила за сонце
Возењето со очила за сонце е попријатно и побезбедно ако се возите на места каде што е сончево. Затоа треба секогаш да ви бидат на дофат на рака.
2. Музика
Снимете си цеде или USB со вашите омилени песни кои ќе ве разведрат и ќе ви го направат расположението што подобро кога одите на пат.
3. Пијалаци
Однапред пригответе си пијалаци кои ќе ви бидат на дофат на рака кога ви треба освежување. Тоа ќе помогне и поконцентрирано да возите.
4. Паричник со кеш и картички
Паричникот треба секогаш да биде покрај вас. Така цело време ќе имате со себе битен дел од она што го поседувате, а освен тоа, брзо ќе можете да го најдете ога треба да платите нешто.
5. GPS и мапи
GPS уредите вклучете ги пред да тргнете на пат за да заштедите на време, како и да не скршнете на погрешен пат. Ако користите мапи, разгледајте ги пред тргнување.
6. Кеса за ѓубре
Тоа е една од работите кои најчесто се забораваат, а сигурно ќе ви притребаат на подолг пат без многу застанувања.
7. Комплет за прва помош
Овој комплет е задолжителен во секој автомобил. Проверте дали знаете каде сте го оставиле во аавтомобилот во случај да ви затреба на пат.
8. Флуоресцентен елек
Во најголем дел од европските земји ова е задолжителна опрема во возилото и ако автомобилот ви се расипе на пат, задолжително мора да го облечете. Затоа треба да ви стои на видливо место.
9. Фотоапарат и камера
Сите сме биле во ситуација кога нешто сакаме да овековечиме, но немаме фотоапарат при рака.
10. Резервни клучеви
Чувајте ги во џеб. Нема да бидете првиот возач кој ги оставил клучевите во автомобил, кој потоа автоматски се заклучил.
(Poslovni.hr)
(фото: Pixnio, Pxhere, Flickr)