Иако корона вирусот предизвика вистински хаос во светот, дел од најголемите богаташи во светот не само што не изгубија пари, туку и го зголемија богатството за повеќе милијарди долари. Најдобар пример за тоа е Џеф Безос, чија вредност неодамна за само еден ден се зголеми за 13 милијарди долари. Моментално има повеќе од 180 милијарди долари и наскоро може да стане првата личност во светот која ја надминала границата од 200 милијарди долари.
Секако, тој не е изолиран пример на богаташ кој профитирал од пандемијата затоа што со порастот на вредноста на акциите во компаниите како Teslа, Microsoft, Facebook и други расте и богатството на најголемите акционери во нив. За наш стандард нивното богатство е незамисливо, а колку време им треба за да ја заработат просечната годишна плата на обичниот народ или да отплатат еден кредит може да се провери со калкулаторот на страницата simpletexting.com.
Бројките се фокусирани само на шефовите на најголемите технолошки компании – од Безос, Цукерберг, Маск, Кук, Надела, Хејстингс итн. Нивната заработка е пресметана врз основа на јавно достапните податоци на берза и се однесува а основната плата, годишните бонуси, наградите кои ги добиваат во акции и други обични компензации.
Годишната заработка на милијардерите е неверојатна. Ако сакате да знаете колку време им треба на Џеф Безос или на Марк Цукерберг за да ја заработат вашата годишна плата можете да проверите тука.
(Dnevnik.hr, Simple Texting)
(фото: Simple Texting)