Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука цените на бензините, дизелот и екстралесното масло да останат исти согласно одлуката од 4.8.2020 година, додека зголемување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 1,611%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 денари за литар и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 ден/кг и од полноќ ќе изнесува 26,121 ден/кг.