Здравата исхрана стартува со листата за пазарење

- Advertisement -

Изборот на здрава храна е голем предизвик поради богатиот избор на разновидни производи во маркетите, меѓу кои може да се протне и производ што вообичаено не би го купиле поради слабите нутритивни вредности. Најсилниот сигурносен штит од можните грешки во пазарењето за повеќето потрошувачи е листата со намирници за пазарење, независно дали се движите меѓу рафтовите во маркетот или пазарите онлајн од вашиот мобилен или компјутер. Според вработените во Рептил маркети, овие потрошувачи се придржуваат кон она што е напишано на листот, а ако не можат да го најдат истиот производ бараат асистенција, најчесто да им помогнат да ја прочитаат декларацијата со составот на заменскиот производ или едноставно бараат мислење што продавачката би им препорачала во ситуацијата.

Во Рептил маркети подготвија и неколку совети како да ја подготвите листата за пазарење онлајн или во маркет и при тоа да одберете здрава храна за семејството. При тоа, велат дека имале на ум дека здравите избори што ги прави потрошувачот се крајниот извор на добра исхрана за семејство. А здрав оброк може да се подготви само со соодветни состојки.

- Advertisement -
  • Планирајте што ќе готвите во текот на неделата

Пред да ги изберете вашите артикли од кој било маркет или онлајн продавница, најдобро е ако можете да испланирате кои оброци ќе ги готвите таа недела. Тоа ќе ви го олесни креирањето на листата за пазарење, но ќе ви заштеди и време да не мора да трчате до продавницата за да купите состојки што сте ги пропуштиле. Ако ви недостига инспирација, погледнете го последниот прилог на Рептил маркети со рецепти, а кој се објавува на страницата на https://reptilmarketi.mk/ и се обновува речиси секој месец со нови идеи за оброци.

  • Набавете добра количина овошје и зеленчук

Не е важно дали ќе пазарите онлајн или во маркет, важно е да одберете многу зеленчук, овошје, разновидни мешунки – грав, леќа, грашок, како и бадеми, ореви, лешници, разновидни жита како лен, семки, сончоглед, потоа живина, посно месо, млечни производи, како и риба. Што се однесува до диетата, разновидноста е секогаш добра. Може да размислите да купите и слатки компири наместо белиот компир, бидејќи имаат поздрави нутритивни вредности.

- Advertisement -
  • Кажете „да“ на целите зрна

За да останете здрави, мора да се осигурате дека најмалку 50% од  житните производи што секојдневно ги консумирате се со цели зрна. Размислете да купувате различни зрна, вклучувајќи јачмен, интегрален ориз, овес, просо, киноа… Ако купувате готови производи, одберете од оние што содржат малку маснотии, сол и шеќер.

  • Погледнете ја декларацијата

Ако одберете готов производ што дотогаш не сте го купувале, погледнете ја декларацијата со состојките. Одбегнете ги оние кои во составот имаат адитиви за подобрување на вкусот или зголемување на рокот на траење на производот. Адитивите обично не се штетни за здравјето, но може да влијаат на оригиналниот вкус на храната, како и нејзините хранливи карактеристики.

- Advertisement -
  • Набавете и смрзнато овошје и зеленчук

Кога пазарите покрај свежата храна, набавете и смрзнато овошје и зеленчук затоа што на тој начин дома секогаш ќе имате храна со здрави нутритивни вредности. Многу истражувања покажуваат дека смрзнатата храна со современите технологии за брзо замрзнување ги задржува повеќето хранливи вредност и е одлична замена за подготовка на оброкот во случаи кога немате свежи овошки или зеленчуци. При тоа е и попрактично за користење зашто кога го подготвуваат за смрзнување зеленчукот и овошјето го мијат, бланшираат и сецкаат. Подготвено е за готвење со што се скратува и времето потребно да го подготвите хранливиот оброк.

Сподели!
- Advertisement -