Пандемијата има значителни ефекти врз менталното здравје на луѓето – од тагата поради изгубените животи до социјалното дистанцирање, причините за тоа се бројни. Во САД една третина ов возрасното население пријавило проблеми со менталното здравје како резултат на пандемијата.
Заедно со очигледните физички импликации кај луѓето кои се заразиле со КОВИД-19, пандемијата има страшни последици по психичката состојба на луѓето во целиот свет.Тагата кај тие што изгубиле некој сакан, тешкотиите поради изгубеното работно место, фрустрацијата поради карантинот и економската сигурност, предизвиците на работењето од дома додека се грижите и за децата оставаат последици по менталното здравје.
Фондото на Комонвелтот и истражувачката компанија SSRS неодамна објавија истражување за проблемот, фокусирајќи се на ситуацијата во десет земји со високи примања. Откриле дека една третина од луѓето во САД искусиле стрес, анскиозност или тага со која не можете да се справат сами после избивањето на пандемијата. Околу една четвртина од учесниците во истражувањето во Канада, Велика Британија и во Франција исто така имале проблеми со менталното здравје како резултат на пандемијата.
(World Economic Forum)
(фото: UI Here)