Шпаркасе го намали месечниот надомест за одржување на трансакциска сметка за физички лица

- Advertisement -

Во услови за справување со пандемијата која ја предизвика коронавирусот КОВИД-19, одржувањето на економската стабилност и благосостојба на сегашните и идни клиенти претставува врвен приоритет за менаџментот во Шпаркасе Банка Македонија. Особено за сегментот население, кој во овој период е фокусиран првенствено кон заштита на сопственото здравје и обезбедување на потребната сигурност, овозможуваме поддршка со намалување на месечниот надоместок за одржување на трансакциската сметка за 50%, со важност од 18 август 2020 година.

Во текот на промотивниот период, кој ќе трае заклучно со 15 ноември 2020 година, за сите ново-отворени трансакциски сметки Банката ќе пресметува надоместок од 15 МКД месечно. Клиентот ќе може да ја користи оваа поволност во траење од вкупно  три месеци, почнувајќи од месецот во кој е отворена трансакциската сметка. По истекување на промотивниот период ќе важи редовниот месечен надоместок за одржување на сметка согласно важечката Одлука за надоместоци (тарифи) на Банката.

- Advertisement -

Поради препораките за намалување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19, ги упатуваме клиентите да ги користат дебитните картички за подигнување на готовина преку достапната проширена мрежа од околу 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата во Северна Македонија, како и да плаќаат безготовински при пазарење кај трговците. Честите посети во експозитурите клиентите можат да ги заменат со вршење на брзи и едноставни плаќања од мобилен уред, таблет или компјутер преку користење на апликациите: NetBanking за електронско банкарство и S-Banking за мобилно банкарство. Контакт центарот на Банката овозможува достапност до сите потребни информации преку телефонскиот број 02/3200-600, секој работен ден од 8 до 16 часот.

Од неодамна Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“, преку кој го олесни начинот на комуникација на вработените со клиентите. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање.

Сподели!
- Advertisement -